Категории на неиселеничка виза за САД

Преглед

Неиселеничките визи се за луѓе кои сакаат да одат во САД на привремена основа, за туризам, бизнис, привремена работа, студии или медицински третман. За целосни информации за патување и виза за САД, ве молиме посетете ја веб-страницата https://travel.state.gov.

Ве молиме планирајте однапред. Сериозно ве поттикнуваме да почекате со купување на авионските билети додека патникот да добие валидна виза. Билет не се бара за време на интервјуто за виза.

Сите патници треба да имаат на ум дека визата не гарантира влез во САД. Министерството за внатрешна безбедност (DHS) може да одбие пристап и исто така да го ограничи овластениот период на престој во САД. Дополнителни информации поврзани со влезот во САД можат да се најдат на https://travel.state.gov/content/travel/en/us-visas/visa-information-resources/all-visa-categories.html.


Категории на визи за посетител

(B) ПОСЕТИТЕЛ: БИЗНИС, ТУРИЗАМ, МЕДИЦИНСКИ ТРЕТМАН

Визата за посетител е неиселеничка виза наменета за лица кои сакаат привремено да влезат во Соединетите Американски Држави поради бизнис (B1), вклучувајќи и присуство на професионални средби и конференции; за забава, вклучувајќи одмор или посета на членови на семејството или медицински третман (B2), или комбинација од двете цели (B1/B2) до шест месеци.

(C) ТРАНЗИТ низ САД

Лица кои патуваа меѓу две странски земји кои мораат да пристигнат во САД како дел од тоа патување.

  • Член на екипаж што патува во Соединетите Американски Држави како патник за да се приклучи на брод или авион има потреба од транзитна виза. Ве молиме прочитајте ги информациите за виза за член на екипаж (посада).
  • За патник кој тргнува од странско пристаниште на брод за крстарење или друго пловно средство што плови кон странска дестинација која не е Соединетите Американски Држави, а по маршрутата на патувањето пловилото пристанува во Соединетите Американски Држави, потребна е транзитна виза или друга неиселеничка виза.

Категории на визи за студирање

(F/M) СТУДЕНТ НА АКАДЕМСКА ИЛИ ЈАЗИЧНА ПРОГРАМА / СТУДЕНТ НА СТРУЧНА ИЛИ НЕАКАДЕМСКА ПРОГРАМА

Општо земено, на секој апликант кој доаѓа во Соединетите Американски Држави за да посетува одобрени образовни студии му е потребна студентска виза.

По запишувањето во школото во САД што студентот планира да ја посетува, студентот треба да се запише во Информативниот систем за студенти и посетители на размена (SEVIS). Упатствата за плаќање на таксата SEVIS И-901 и за потребните потписи преку системот SEVIS ќе ги достави школото од САД. Школото ќе го внесе името на главниот апликант во системот SEVIS како и имињата на секој член на семејството што сака да патува со главниот апликант за да го (ги) генерира потребниот (ите) образец (сци) И-20. Секој член на семејството мора да добие свој образец И-20. Ако членовите на семејството не аплицираат со главниот апликант, ќе биде потребна копија од оригиналниот образец И-20 што е издаден од школото на главниот сопственик на визата. За да дознаете повеќе, посетете ја веб-страницата на Програмата за студенти и посетители на размена (SEVP) на Службата на САД за иселеништво и царинско работење (ICE).

Студентите можат да аплицираат за виза во секој момент се додека го одржуваат студентскиот статус и нивните SEVIS (http://www.ice.gov/sevis) досиеја се ажурирани. Исто така, студентите можат да влезат во САД во секој момент пред започнувањето на нивниот семестар.

(J) ПОСЕТИТЕЛ НА РАЗМЕНА

Визите Посетител на размена (Ј-1) се неиселенички визи за поединци кои биле одобрени да учествуваат во Програми за посетители на размена во Соединетите Американски Држави. Посетете ја страницата на Програмата Посетител на размена Виза Ј-1 на Стејт Департментот http://j1visa.state.gov/programs за да дознаете повеќе информации за барањата на програмата, прописите и многу повеќе.

По прифаќањето во програмата Посетител на културна размена во САД, патникот ќе биде запишан во Системот за информации за студенти и посетители на културна размена (SEVIS). Повеќето посетители на културна размена со Ј-1 виза мораат да ја платат таксата SEVIS I-901. (Ако програмата Посетител на културна размена со J-1 виза овозможува брачниот партнер и/или децата да го придружуваат посетителот на размена, членовите на семејството нема да треба да ја платата оваа такса.) Спонзорот на програмата му го предава на посетителот на размена образецот ДС-2019 за да го покаже на интервјуто за виза. Ако вашата програма дозволува учество на брачниот другар и децата, на секој член од семејството ќе му биде издаден сопствен образец ДС-2019 за да аплицираат за визи Ј-2. Посетете ја веб-страницата на Програмата за студенти и посетители на размена (SEVP) на Службата за иселеништво и царинско работење (ICE) за да дознаете повеќе за SEVIS и таксата за SEVIS И-901 образецот.


Категории на визи за работа

(D) ЧЛЕН НА ЕКИПАЖ

Визите за работа на брод или авион (D) се неиселенички визи за лица кои работат на бродови (како на пример, на прекуокеански патнички бродови или рибарски бродови) или во меѓународни воздухопловни компании во САД, чие што вработување е потребно за нормалното функционирање и обезбедување на услуги.

Примери за цели на патување кои условуваат виза за работа на брод или авион (D) се:

  • пилот или стјуардеса на патнички авион
  • капетан, инженер или морнар на брод
  • спасител, готвач, келнер, козметичар или друг услужен персонал на крстосувач
  • практикант на брод за обука

Ако апликантот е патник што патува за да се приклучи на брод или авион на кој ќе работи, на апликантот ќе му треба и Транзитна (С1) виза и треба да донесе писмо од својот работодавач или од застапникот на работодавачот со кое се потврдува дека транзитот е неопходен. конзуларното одделение најчесто издава комбинирана виза С1/D ако тоа го дозволува планот за реципроцитет на земјата чијшто државјанин е апликантот. За да добиете повеќе информации прегледајте ги плановите за реципроцитет на земјите на следните страници https://travel.state.gov/content/travel/en/us-visas/Visa-Reciprocity-and-Civil-Documents-by-Country.html.

Внимание: Членовите на екипаж на летала и пловила што бараат и B1/B2 и C1/D виза треба да пополнат еден онлајн DS-160 формулар за барање за виза, да платат една такса за виза (MRV) и да закажат интервју за C1/D виза.

(I) МЕДИУМИ и НОВИНАРИ

За да ги исполнат условите за виза за медиуми (I) апликантите мора да демонстрираат дека се соодветно квалификувани за виза за медиуми. Визите за медиуми се за „претставници на странските медиуми“, вклучително и за членови на печатот, радиото, филмот или печатените индустрии, чии активности се од суштинско значење за функционирањето на странските медиуми, какви што се репортери, филмски екипи, уредници и лица на слични професии, кои патуваат во Соединетите Американски Држави за да ја вршат својата професија. Апликантот мора да врши активност за медиумска организација со седиште во странска земја што ги исполнува барањата. За да ги исполни барањата за медиумска виза, активноста мора во основа да обезбедува информации и генерално да е поврзана со процесот на прибирање вести или известување за реални тековни настани. Известувањето за спортски настани вообичаено е соодветно за медиумска виза. Други примери вклучуваат, но не се ограничени на, следните активности поврзани со медиумите:

  • Примарни работници во странски медиуми за информирање што работат на снимање вест за настан или документарен филм.
  • Членови на медиумите што работат на продукција и дистрибуција на филм ќе ги исполнат условите за медиумска виза само ако материјалот што се снима биде користен за ширење информации или вести. Дополнително, примарниот извор и дистрибуција на финансиските средства мора да биде надвор од Соединетите Американски Држави.
  • Новинари кои работат под договор: Лица со акредитации издадени од професионални новинарски организации, ако работат под договор на производ кој треба да се користи во странство на информативен или културен медиум за ширење информации или вести кои не се примарно наменети за комерцијална забава или реклама.
  • Вработени во независни продукциски компании кога овие вработени поседуваат акредитации издадени од професионално новинарско здружение.
  • Странски новинари кои работат за прекуморска подружница или контролирана компанија на американска мрежа, весник или друг медиумски канал ако новинарот оди во Соединетите Американски Држави да известува за настани во САД исклучиво за странска публика.
  • Акредитирани претставници на туристички бироа што се контролирани, раководени или субвенционирани, целосно или делумно, од странска влада, и кои примарно се занимаваат со снабдување на посетителите со фактички информации за земјата.

(E1/E2) ТРГОВЕЦ СПОРЕД СПОГОДБА / ИНВЕСТИТОР СПОРЕД СПОГОДБА

Визата за Трговец според спогодба (Е1) или Инвеститор според спогодба (Е2) е за државјанин на земја со која Соединетите Американски Држави имаат спогодба за трговско работење и навигација, а кој доаѓа во САД за да изврши значителна трговија, вклучувајќи трговија со услуги или технологија, првенствено помеѓу Соединетите Американски Држави и земјата потписник на спогодбата, или за да го развие и насочи работењето на претпријатие во кое државјанинот инвестирал, или е во процес на инвестирање значителна сума капитал. Списокот земјите учеснички може да го видите на https://travel.state.gov/content/travel/en/us-visas/visa-information-resources/fees/treaty.html.

Неиселеничката класификација Е1 овозможува државјаните на земјата потписник на спогодбата да влезат во Соединетите Американски Држави за да учествуваат во меѓународно трговско работење во свое име.

Неиселеничката класификација Е2 овозможува државјанин на земјата потписник на спогодбата да влезе во Соединетите Американски Држави кога инвестира значителна сума капитал во американско претпријатие.

Повеќе информации ќе најдете на https://travel.state.gov/content/travel/en/us-visas/employment/treaty-trader-investor-visa-e.html

(E3) АВСТРАЛИЈАНЕЦ СО СПЕЦИЈАЛИЗИРАНА ПРОФЕСИЈА

Оваа класа на виза се однесува на австралијански државјани што патуваат во Соединетите Американски Држави за привремено да извршуваат специјализирана професија. Бидејќи Е3 се однесува само на австралијански државјани, повеќе информации се достапни https://travel.state.gov/content/travel/en/us-visas/visa-information-resources/all-visa-categories.html.

(H, L, O, P, Q, R) ПРИВРЕМЕН РАБОТНИК/ВРАБОТУВАЊЕ ИЛИ УЧЕСНИК НА ОБУКА

Ако апликантот сака да работи во Соединетите Американски Држави привремено како неиселеник,согласно со иселеничкото законодавство на САД, мора да добие посебна виза,врз основа на видот на работата што апликантот ќе ја врши. Кај повеќето категории на привремен работник идниот работодавач или агент на апликантот мора да поднесе барање И-129 кое мора да биде одобрено од Службата на САД за државјанство и имиграција (USCIS) пред апликантот да го поднесе барањето за виза. Повеќе информации ќе најдете на http://www.uscis.gov/portal/site/uscis.

Поединците може да аплицираат за виза за привремен работник само откако работодавачите од САД го поднеле барањето И-129 и USCIS го одобриле. Потоа USCIS ќе издаде образец И-797 на кој има приемен број за потврда. Приемниот број е потребен за да се закаже термин за интервју преку оваа услуга. Не се потребни хартиени копии од И-797 и/или од И-129.

(H1-B) (H1-B) Лица со специјализирана професија - Апликантите за оваа виза мора да можат теоретски и практично да применат високо специјализирано знаење кое бара завршување на специфични студии од високо образование. Во оваа категорија влегуваат и модели и меѓувладини истражувања и развој, како и копродукциски проекти со кои раководи Министерството за одбрана на САД.

(H-1B1) Договор за слободна трговија (FTA) Професионалец – оваа категорија на виза е создадена со Договорот за слободна трговија на САД и Чиле и Договорот за слободна трговија на САД и Сингапур. Привремените работници H-1B1 се дефинират како лица што вршат услуги во специјализирани професии на привремена основа.

Барателите на H-1B1 виза треба да достават понуда за работа од работодавач во САД и одобрено барање од Certified Department of Labor. Не се бара работна дозвола за лица што не имигрираат. За повеќе информации за визата H-1B1 посетете ја страницата https://travel.state.gov/content/travel/en/us-visas/employment.html.

(H2-A) Сезонски земјоделски работници - Визата H2-А им овозможува на работодавачите во САД да донесат странски државјани во Соединетите Американски Држави за да ги пополнат привремените земјоделски работни места за кои нема работници во САД.

(H2-B) Привремени или сезонски неземјоделски работници - Програмата H2-B за неземјоделски привремени работници им овозможува на работодавачите во САД да донесат странски државјани во Соединетите Американски Држави за да ги пополнат привремените неземјоделски работни места.

(H3) Учесници на обука (не медицинска или академска) - Овој тип на виза е наменет за да им овозможи на странски државјани да дојдат во Соединетите Американски Држави да добијат обука во многу различни области меѓу кои и земјоделство, трговија, комуникации, финансии, влада, транспорт, професии, како и во чисто индустриски области.

(L) Трансфер во рамките на иста компанија - Оваа виза е за апликанти кои во претходните три години биле вработени во странство без прекин во текот на една година и кои ќе бидат вработени во подружница, матичната компанија, филијала или зависно друштво на истиот работодавач во Соединетите Американски Држави на менаџерско, извршно или специјализирано експертско работно место. Визата L му овозможува на работодавач од САД да пренесе вршител на извршен директор или менаџер од една од своите странски филијали во една од канцелариите во Соединетите Американски Држави. Оваа виза исто така ѝ овозможува на странска компанија која уште нема филијала во САД да испрати извршен директор или менаџер во Соединетите Американски Држави за да отвори таква канцеларија.

Мултинационална корпорација со канцеларија во Соединетите Американски Држави може да побара ваква виза за вработен поединец или може да добие едно одобрение, што се нарекува колективно барање L, со кое повеќе менаџери и извршни директори може да влезат во Соединетите Американски Држави. Повеќе информации за условите за колективното барање L ќе најдете на http://www.uscis.gov/portal/site/uscis.

Штом барателот ќе добие одобрение за колективното барање L, мора да се поднесат индивидуални апликации во име на секој апликант што бара да влезе во Соединетите Американски Држави со статус L.

(O) Лица со исклучителна способност - Визата О е за лица кои поседуваат исклучителни способности во науката, уметноста, образованите, бизнисот или спортот или кои постигнале извонредни успеси во филмската или телевизиската индустрија и биле признаени на национално или на меѓународно ниво за тие успеси. Опфаќа лица кои обезбедуваат неопходни услуги за поддршка на горенаведените лица.

(P) Меѓународно признаени спортисти, уметници и изведувачи - За да добие виза Р, апликантот мора да патува во САД сам или како дел од група со цел:

  • да настапува на одреден спортски натпревар како спортист или како член на изведувачка група. Треба да има изведба што е признаена на меѓународно ниво.
  • да настапува под реципрочна програма на културна размена меѓу организација во САД и организација во друга земја.
  • да изведува, да развива, да претставува, да врши обука или да подучува исклучителна или традиционална етничка, народна, културна, музичка, театарска или уметничка изведба или презентација.

Опфаќа лица кои обезбедуваат неопходни услуги за поддршка на некое од горенаведените лица.

(Q) Посетител во меѓународна културна размена - Оваа виза има за цел обезбедување практична обука, вработување и споделување на историјата, културата и традицијата на земјата од која доаѓа апликантот. Неиселеничката виза Q е за меѓународни програми за културна размена дизајнирани од Службата за државјанство и имиграција (USCIS) на Соединетите Американски Држави.

(R) Верски работник - Визата за верски работник (R) е наменета за апликанти што бараат влез во Соединетите Американски Држави за да работат верска работа на привремена основа.

Верските работници се лица што се овластени од признат субјект работодавач да вршат работи на верско обожување и други должности што вообичаено ги вршат овластени членови на клерот на таа религија, и работници што работат верска работа или професија.

  • Апликантот мора да е член на верска заедница што има законска непрофитна верска организација во САД
  • верска заедница и нејзината филијала, ако има таква, се или изземени од даночна обврска или исполнуваат услови за даночно изземање
  • Апликантот е член на деноминацијата две години непосредно пред аплицирањето за статус на верски работник. Апликантот планира да работи како свештеник на таа деноминација, или да врши верска работа или професија за добронамерна непрофитна верска организација (или филијала со даночно ослободување на таква организација)

(TD/TN) НАФТА ПРОФЕСИОНАЛЕЦ

Спогодбата за слободна трговија на Северна Америка (НАФТА) создава посебни економски и трговски врски меѓу САД, Канада и Мексико. Неиселеничката виза за НАФТА ПРОФЕСИОНАЛЕЦ (TN) им овозможува на граѓаните на Канада и Мексико да работат во Соединетите Американски Држави како НАФТА професионалци на претходно договорени деловни активности за работодавач од САД или од странство. Поединци кои се постојани жители – но не и граѓани - на Канада и Мексико не ги исполнуваат условите да работат како НАФТА професионалци. Лицата кои се издржувани од сопственикот на TN виза ќе добијат TD виза.

Професионалци од Канада и Мексико може да работат во Соединетите Американски Држави под следниве услови:

  • Апликантот е граѓанин на Канада или Мексико
  • Професијата е на списокот на НАФТА
  • За работното место во САД се бара НАФТА професионалец
  • Мексиканскиот или канадскиот апликант треба да работи на претходно договорено работно место со цело работно време или хонорарно
  • Мексиканскиот или канадскиот апликант ги поседува професионалните квалификации

Други категории на неиселенички визи

(T) ЖРТВА НА ТРГОВИЈА СО ЛУЃЕ

Сопствениците на визи Т се жртви на тешка форма на трговија со луѓе. Трговијата со луѓе е облик на модерно ропство во кое трговците со луѓе ги намамуваат поединците со лажни ветувања за вработување и подобар живот. Трговците со луѓе често ги искористуваат сиромашните, невработени поединци кои немаат пристап до социјалните услуги. Неиселеничкиот статус Т (виза Т) ги заштитува жртвите на трговијата со луѓе и овозможува жртвите да останат во Соединетите Американски Држави и да помогнат при истрагата или гонењето на случаите на трговија со луѓе.

Жртвите на трговија со луѓе добиваат статус Т само во Соединетите Американски Држави. Повеќе информации може да најдете на http://www.uscis.gov/portal/site/uscis. Улогата на амбасадите и конзулатите на САД е само да ги обработат апликациите на деривативните членови на семејствата на тие лица што веќе добиле статус Т во Соединетите Американски Држави.

(U) ЖРТВА НА КРИМИНАЛНО ДЕЈСТВИЕ

Визата U е достапна за странски жртви кои ги исполнуваат условите при одредени казнени дела и кои помагаат при истрагата или гонењето на означените казнени дела. Поединците сами поднесуваат барање директно до USCIS, а неиселеничкиот U статус го доделува USCIS преку одобрено барање. И основните и изведените баратели на виза U што добиле U статус може да аплицираат за виза U во конзуларните оддели во странство. Целта на визата U е да им даде на жртвите на одредени криминални дела привремен правен статус и дозвола да работат во САД до 4 години.