Потребна документација

Преглед

При подготовката за интервјуто во конзуларното одделение, апликантите мора да ги соберат соодветните документи што се однесуваат на целта на патувањето. Подолу следи список на предложени документи за сите категории на визи.

Внимавајте: Може да се потребни дополнителни документи. Ве молиме да ги прочитате упатствата за тоа како да аплицирате за виза на веб-страницата на амбасадата или конзулатот каде што ќе го поднесете барањето. За да се утврди дали ги исполнувате условите може да ви бидат побарани дополнителни документи.

  1. Кај апликациите за виза за кои е неопходно лично присуство на интервју во конзуларното одделение апликантите мора да ги донесат со себе на интервјуто сите барани документи.
  2. Кај апликациите за виза за кои не е неопходно лично присуство на интервју во конзуларното одделение апликантите мора да ги вклучат сите барани документи во пакетот за аплицирање што го поднесува апликантот за конзуларното одделение да ги прегледа.

Задолжителни документи – За сите типови на виза

Следните документи се бараат за сите типови на виза:

  1. Тековен важечки пасош за патување во Соединетите Американски Држави. Пасошот треба да важи најмалку уште 6 месеци по планираниот период на престој на апликантот во Соединетите Американски Држави (освен во случаи кога со посебни спогодби се предвидени исклучоци.)
  2. Пасош во кој се наоѓа последната издадена американска виза (доколку имате).
  3. Сите претходни истечени пасоши (доколку поседувате).
  4. Апликацијата за неиселеничка виза, страницата за потврда за образец ДС-160.
  5. Страна со Потврда и Инструкции за состанокот отпечатена од оваа Интернет страна.
  6. Една фотографија во боја со димензии 5 x 5 см (2 x 2 инчи) направена во последните 6 месеци. Повеќе информации во врска со упатствата на Стејт Департментот за фотографијата може да најдете на: https://travel.state.gov/content/travel/en/us-visas/visa-information-resources/photos.html.
  7. Придружните членови на семејството, освен кога патуваат со друга цел, треба да приложат венчаница (брачен другар) и/или извод од родените (за деца до 21 година што не се во брак), зависно од ситуацијата.

Ако присуствувате лично на состанокот, мора да донесете оригинални документи. Ако имате право да ги испратите документите преку пошта, мора да ги испратите вашиот тековен важечки пасош и претходниот пасош којшто ја содржи последната американска виза што ви била издадена (ако е применливо), како и страницата за потврда од формуларот за апликација DS-160 и копии од целата дополнителна документација. За список на дополнителна документација за секој тип виза, погледнете го делот подолу.

Документи што дополнително се бараат – Зависно од типот на визата

(B) ПОСЕТИТЕЛ: БИЗНИС, ТУРИЗАМ, МЕДИЦИНСКИ ТРЕТМАН

  • Доколку патувате за медицински третман, бидете подготвени да ги презентирате следните документи:
    • Медицинска дијагноза од локален лекар, во која се објаснува природата на болеста и зошто е потребен третман во САД.
    • Писмо од лекар или медицинска установа во САД во кое е наведена подготвеноста да се третира дијагностицираната болест, и се опишува предвиденото времетраење и трошокот за третманот (вклучително и хонорарите на лекарите, цената за хоспитализација како и сите други медицински трошоци).
    • Доказ дека ќе бидат платени трошоците за транспорт на пациентот и медицинските и животните трошоци во САД. Ова може да биде во облик на банкарски или други извештаи за приход/заштеда или заверени примероци од даночни пријави за личен доход (на пациентот или на лицето или организацијата што плаќа за третманот).
  • Можете да аплицирате за туристичка виза Б-1за да работите привремено во САД како приватно вработено лице или послуга во ограничени ситуации. Од вас и вашиот работодавец ќе биде побарано да докажете дека работниот однос ги исполнува условите за плата и работа во САД. За понатамошни детали за тоа како да аплицирате, посетете ги веб-страницата на локалната амбасада на САД и страницата https://travel.state.gov/content/travel/en/us-visas/tourism-visit/visitor.html.

Кога лично одите на интервју во конзулатот може да ви бидат побарани дополнителни документи за да се утврди дали ги исполнувате условите за виза. Ако ги исполнувате условите да НЕ присуствувате лично на интервјуто во конзулатот поднесете само список со побараните документи што се посебно наведени на страницата со упатства.

На пример, на интервјуто на кое лично присуствувате може да ви бидат побарани дополнителни документи со кои се докажува:

  • Целта на патувањето,
  • Вашата намера да ги напуштите САД по патувањето, и/или
  • Дали сте во состојба да ги платите сите трошоци за патувањето.
  • Доказ за работен однос и/или семејни врски може да е доволен за да се потврди целта на патувањето и вашата намера да се вратите во сопствената земја.
  • Ако не можете да ги покриете сите трошоци за патувањето, може да приложите доказ дека некое друго лице ќе ги покрие дел или сите трошоци на патувањето.

(C) ТРАНЗИТ низ САД

  • Доказ за транзит низ Соединетите Американски Држави на патување кон друга земја и за намерата да ги напуштите Соединетите Американски Држави.
  • Доказ за доволно финансиски средства за да ги покриете сите трошоци додека сте во Соединетите Американски Држави.
  • Доказ со кој се демонстрира дека апликантот има живеалиште надвор од САД каде планира да се врати по завршување на престојот во Соединетите Американски Држави. Ова вообичаено се утврдува со доказ за семејни, професионални, сопственички, од вработување и други врски и обврски кон земја што не е САД, а кои се доволни да предизвикаат апликантот да се врати таму по завршување на неговиот/нејзиниот престој.

(D) ЧЛЕН НА ЕКИПАЖ

  • Писмо/договор од компанијата работодавач каде е наведено времетраењето на работата и ако е возможно, местата на влез во Соединетите Американски Држави.

(E) ТРГОВЕЦ СПОРЕД СПОГОДБА ИЛИ ИНВЕСТИТОР СПОРЕД СПОГОДБА

  • Неиселеничка апликација за трговец/инвеститор според спогодба, образец ДС-156E.
  • Документи со кои се идентификува националноста на вашата компанија.
  • Писмо од вашиот работодавач во кое се опишува вашата функција и се наведува дека имате високи квалификации што се клучни за успешното работење на фирмата или дека сте извршен орган или управител.
  • Доказ за значителна трговија меѓу САД и вашата земја.
  • За дополнителни барања во врска со документите, посетете ја веб-страницата https://travel.state.gov/content/travel/en/us-visas/employment/treaty-trader-investor-visa-e.html.

(E3) АВСТРАЛИЈАНЕЦ СО СПЕЦИЈАЛИЗИРАНА ПРОФЕСИЈА

  • Образец ЕТА 9035, јасно означен како „Е3 - Австралија- да се обработи." Внимавајте: Овој образец преставува известување за одобрена апликација за работни услови (ARU) што работодавачот во Соединетите Американски Држави го добива од Министерството за труд на САД.
  • Писмо со понуда за работа со наведена плата, од работодавачот во Соединетите Американски Држави, во кое е наведено дека апликантот ќе се занимава со специјализирана професија.
  • Заверена диплома за завршено образование во странство и доказ дека е еквивалентно на степенот во Соединетите Американски Држави или заверен примерок од бакалауреат или повисок степен во САД, според барањата на специјализираната професија.
  • Заверен примерок од која било потребна лиценца или друга дозвола за занимавање со професија во државата каде што е планирано вработувањето. Ако лиценцирање не е итно потребно при влегувањето, апликантот ќе треба да достави доказ дека бараната лиценца ќе ја добие во разумен рок по влегувањето во земјата.

(F) СТУДЕНТ НА АКАДЕМСКА ИЛИ ЈАЗИЧНА ПРОГРАМА

  • Образец И-20, Потврда за исполнување услови за добивање неиселенички (F-1 или М-1) статус на студент на неакадемски, јазични и стручни студии. Апликантот мора да го поднесе образецот И-20 генериран од SEVIS, а кој на апликантот му го доставува школото каде е запишан. Студентот и службеникот од школото мора да го потпишат образецот И-20.
  • Плаќање на таксата за Информативниот систем за студенти и посетители на размена (SEVIS) со образец I-901. Повеќе информации за тоа кој ја плаќа оваа такса може да најдете под заглавјето SEVP, на интернет, на следнава локација: http://www.fmjfee.com.

Кога лично одите на интервју во конзулатот може да ви бидат побарани дополнителни документи за да се утврди дали ги исполнувате условите за виза. Ако ги исполнувате условите да НЕ присуствувате лично на интервјуто во конзулатот поднесете само список со побараните документи што се посебно наведени на страницата со упатства.

На пример, на интервјуто на кое лично присуствувате може да ви бидат побарани дополнителни документи со кои се докажува:

  • Целта на патувањето,
  • Вашата намера да ги напуштите САД по патувањето, и/или
  • Дали сте во состојба да ги платите сите трошоци за патувањето.
  • Доказ за работен однос и/или семејни врски може да е доволен за да се потврди целта на патувањето и вашата намера да се вратите во сопствената земја.
  • Ако не можете да ги покриете сите трошоци за патувањето, може да приложите доказ дека некое друго лице ќе ги покрие дел или сите трошоци на патувањето.

(H) ПРИВРЕМЕН РАБОТНИК

  • Број на прием за одобреното барање, што го има на вашето барање за работник што не имигрира - образец I-129 на USCIS или образец I-797 – Известување за делување на USCIS (не важи за баратели на H1B1 виза).
  • Понуда за работа од работодавач од САД или одобрено барање од Certified Department of Labor (важи само за баратели на H1B1 виза).

(I) МЕДИУМИ и НОВИНАРИ

  • Доказ за вработување
  • Копија од службена идентификација за известување, доколку го имате

(J) ПОСЕТИТЕЛ НА РАЗМЕНА

  • Оригинален Сертификат за подобност за статус на посетител на размена, образец DS-2019 - Образец DS-2019 генериран од SEVIS обезбеден од спонзорот на програмата откако спонзорот ќе ги внесе информациите за посетителот на размена во SEVIS системот. Сите посетители на размена, вклучувајќи ги и брачните другари и малолетните деца, мораат да бидат регистрирани во Системот за студенти и посетители во размена (SEVIS). Секое лице добива посебен образец ДС-2019.
  • План за учество на обука/стажирање, образец ДС-7002 - Покрај образецот ДС 2019, за припадниците на категориите Ј-1 Учесник на обука и Стажант потребен е и образецот ДС 7002 (врз основа на поле 7 од образецот ДС-2019). За програмите за обуки и стажирање може повеќе да дознаете на https://travel.state.gov/content/travel/en/us-visas/study.html.
  • Плаќање на таксата за Информативниот систем за студенти и посетители на размена (SEVIS) со образец I-901. Повеќе информации за тоа кој ја плаќа оваа такса може да најдете под заглавјето SEVP, на интернет, на следнава локација: http://www.fmjfee.com.
  • Понуда за работа потпишана од идниот работодавец во САД
  • Оригинални документи кои го покажуваат тековниот студентски статус, транскрипти од оценките и индекс (доколку е на располагање)

Кога лично одите на интервју во конзулатот може да ви бидат побарани дополнителни документи за да се утврди дали ги исполнувате условите за виза. Ако ги исполнувате условите да НЕ присуствувате лично на интервјуто во конзулатот поднесете само список со побараните документи што се посебно наведени на страницата со упатства.

На пример, на интервјуто на кое лично присуствувате може да ви бидат побарани дополнителни документи со кои се докажува:

  • Целта на патувањето,
  • Вашата намера да ги напуштите САД по патувањето, и/или
  • Дали сте во состојба да ги платите сите трошоци за патувањето.
  • Доказ за работен однос и/или семејни врски може да е доволен за да се потврди целта на патувањето и вашата намера да се вратите во сопствената земја.
  • Ако не можете да ги покриете сите трошоци за патувањето, може да приложите доказ дека некое друго лице ќе ги покрие дел или сите трошоци на патувањето.

(K) СВРШЕНИК(ЦА) ИЛИ БРАЧЕН ДРУГАР НА ДРЖАВЈАНИН НА САД

(L) ТРАНСФЕР ВО РАМКИ НА ИСТА КОМПАНИЈА

  • Приемен број за вашето одобрено барање, така како што се појавува на Неиселеничкото барање за работник, образец И-129, или Известување за статус на поднесено барање, образец И-797, од USCIS.
  • Ако сте вклучени во општа L-петиција, мора да понесете две копии од формуларот I-129S, неимиграциска петиција базирана на општа L-петиција, на интервјуто.
  • Од главниот апликант се бара за време на интервјуто да плати 500 УСД за такса за спречување и откривање на измами. Повеќе информации може да најдете на https://travel.state.gov/content/travel/en/us-visas/visa-information-resources/fees/fees-visa-services.html.
  • Исто така, некои апликанти со колективни барања за виза L може да треба да платат дополнителни такси. Повеќе информации може да најдете на https://www.uscis.gov/forms/h-and-l-filing-fees-form-i-129-petition-nonimmigrant-worker.

(M) СТУДЕНТИ НА СТРУЧНИ/НЕАКАДЕМСКИ ПРОГРАМИ

  • Образец И-20 - Школото ќе го испрати SEVIS образецот И-20 штом ќе ги внесат податоците за студентот во базата на податоци SEVIS. Студентот и службеникот од школото мора да го потпишат образецот И-20. Сите студенти, и нивните брачни другари и малолетни деца, ако планираат да живеат со студентот во САД, мора да бидат регистрирани во Системот за студенти и посетители во размена (SEVIS). Секој поединец добива личен образец И-20.
  • Плаќање на таксата за Информативниот систем за студенти и посетители на размена (SEVIS) со образец I-901. Повеќе информации за тоа кој ја плаќа оваа такса може да најдете под заглавјето SEVP, на интернет, на следнава локација: http://www.fmjfee.com.

Кога лично одите на интервју во конзулатот може да ви бидат побарани дополнителни документи за да се утврди дали ги исполнувате условите за виза. Ако ги исполнувате условите да НЕ присуствувате лично на интервјуто во конзулатот поднесете само список со побараните документи што се посебно наведени на страницата со упатства.

На пример, на интервјуто на кое лично присуствувате може да ви бидат побарани дополнителни документи со кои се докажува:

  • Целта на патувањето,
  • Вашата намера да ги напуштите САД по патувањето, и/или
  • Дали сте во состојба да ги платите сите трошоци за патувањето.
  • Доказ за работен однос и/или семејни врски може да е доволен за да се потврди целта на патувањето и вашата намера да се вратите во сопствената земја.
  • Ако не можете да ги покриете сите трошоци за патувањето, може да приложите доказ дека некое друго лице ќе ги покрие дел или сите трошоци на патувањето.

(O) СТРАНЕЦ СО ИСКЛУЧИТЕЛНИ СПОСОБНОСТИ

  • Приемен број за вашето одобрено барање, така како што се појавува на Неиселеничко барање за работник, образец И-129, или Известување за статус на поднесено барање, образец И-797, од USCIS.

(P) МЕЃУНАРОДНО ПРИЗНАТ СТРАНЕЦ

  • Приемен број за вашето одобрено барање, така како што се појавува на Неиселеничко барање за работник, образец И-129, или Известување за статус на поднесено барање, образец И-797, од USCIS.

(Q) УЧЕСНИК ВО КУЛТУРНА РАЗМЕНА

(R) ВЕРСКИ РАБОТНИК

  • Приемен број за вашето одобрено барање, така како што се појавува на Неиселеничко барање за работник, образец И-129, или Известување за статус на поднесено барање, образец И-797, од USCIS.
  • Повеќе информации и детали за визите за привремен верски работник ќе најдете на https://travel.state.gov/content/travel/en/us-visas/other-visa-categories/temporary-religious-worker.html.

(T) ЖРТВА НА ТРГОВИЈА СО ЛУЃЕ

  • Образец И-797, Известување за статус на поднесено барање, од USCIS во кој се наведува одобрување на образец И-914, Додаток A

(TD/TN) НАФТА ПРОФЕСИОНАЛЕЦ

  • Доказ за вработување

(U) ЖРТВА НА КРИМИНАЛНО ДЕЈСТВИЕ

  • Образец И-797, Известување за статус на поднесено барање, од USCIS во кој се наведува одобрување на неиселеничко барање за виза U