Такси за аплицирање за виза

Општи информации за административните такси

Сите апликанти за виза, вклучувајќи ги и децата, мора да ја платат административната (MRV) такса за неиселеничка виза која е неповратна и непренослива. Таксите може да се платат преку оваа веб-страница или преку автоматскиот телефонски систем. (Ве молиме разгледајте ги опциите и упатствата подолу.) Административната такса за виза мора да се плати без оглед дали апликацијата ќе резултира со издавање на виза за САД.


Начини на плаќање на таксите за аплицирање за виза

  • Платете во готово во Северна Македонија
  • Платете со кредитна картичка

Услови за такса за аплицирање за виза

Административните (MRV) такси за аплицирање за виза се:

  • Неповратни—Стејт Департменот на САД не ги рефундира административните такси за виза.
  • Непреносливи—Административните такси за виза не може да се препродадат или пренесат на друг апликант.
  • Важат само за една апликација—Административните такси за виза може да се користат само за комплетирање на една апликација. Во случај кога апликацијата за виза е одбиена, треба да пополните нова апликација за виза и да ја платите таксата за повторно да аплицирате.
  • Истекува по 1 година—Административните такси за виза може да важат за користење 365 дена од датумот на плаќањето. Кога ќе истече важноста на таксата ќе го изгубите правото да ја користите таксата за да аплицирате за виза.
  • Административните такси за виза за САД што се платени за аплицирање во една земја не може да се пренесат во друга земја. Штом ќе го извршите плаќањето во една земја, не може да го користите тоа плаќање за да закажете термин за интервју во друга земја. Ако сакате да презакажете нов термин во истата земја, ве молиме откажете го терминот или презакажете го така што ќе се најавите на оваа веб-страница. Ова може да го сторите без плаќање на дополнителна такса.

Преглед на износите на административните (MRV) такси за виза за САД

160 УСД

(B) Посетител: Бизнис, туризам, медицински третман
(C) Транзит низ САД
(D) член на екипаж
(F) Студент на академска програма
(M) Студент на стручна/неакадемска програма
(I) Медиуми и новинари
(J) Посетител на размена
(TD/TN) НАФТА професионалец
(T) Жртва на трговија со луѓе
(U) Жртва на криминално дејствие

190 УСД

(H) Привремен работник/вработување или учесник на обука
(O) Лица со исклучителна способност
(P) Спортисти, уметници и изведувачи
(Q) Посетител во меѓународна културна размена
(R) Верски работник
(L) Трансфер во рамки на иста компанија

205 УСД

(E1) Трговец според спогодба
(E2) Инвеститор според спогодба
(E3) Австралијанец со специјализирана професија

265 УСД

(K) Свршеник(ица) или брачен другар на државјанин на САД


Дополнителни такси за апликантите за визи

За да добиете неиселеничка виза, може да се бараат дополнителни такси покрај административната (MRV) такса за виза. Видовите дополнителни такси што може да се применливи на вашата апликација за виза се:

Такса за SEVIS

Апликантите за визи за Студент (F или М) и Посетител на рамена (Ј) треба да платат посебна такса за SEVIS (Информативен систем за студенти и посетители на размена). Пред да се издаде виза на студент или посетител на размена, потребен е доказ за направена уплата. Детални информации за SEVIS и упатства за плаќање на таксата ќе најдете на http://www.ice.gov/sevis.

Реципрочна такса

Зависно од земјата чие државјанството го има апликантот и типот на виза, од апликантот може да се бара да плати и дополнителна такса за издавање на визата, позната и како реципрочна такса. Детални информации за реципрочните такси може да најдете на https://travel.state.gov/content/travel/en/us-visas/Visa-Reciprocity-and-Civil-Documents-by-Country.html.