Услуги на курирска служба за визни документи

Преглед

Услугите на курирската служба се вклучени во услугите со кои се поддржува процесот на аплицирање за виза. Услугите на курирската служба може да вклучуваат испраќање и примање документи до и од конзуларното одделение на САД.

Автоматска е-порака се испраќа веднаш штом курирската служба ќе додели број за следење на секоја пратка што е поврзана со аплицирањето за виза. Откако на пратката ќе и се додели број за следење, статусот на документите може да се следи преку оваа веб-страница или веб-страницата на курирската служба.

Откако ќе ги прочитате информациите подолу, доколку сте сè уште загрижени во врска со враќањето на вашите документи, на страницата Контактирајте нè на оваа веб-страница, следете ги упатствата за Проблеми во врска со испорака на документи.


Курирска услуга за враќање на документите

Сите релевантни документи за виза ќе бидат вратени преку курирската служба (подигнување на документи на избраната локација или на назначената адреса).

Забелешка: Секоја апликација за американска виза одделно се разгледува. Овој сервис не обезбедува информација колку време Конзуларниот Оддел ќе одлучува за некоја апликација за виза. Откако Конзуларниот Оддел ќе ги предаде документите на курирската служба, потребни се до 3 работни дена за документите да можат да се подигнат или достават на адреса.

Услуга за враќање документи преку избрана локација за подигнување

Кога вратените визни документи ќе може да бидат подигнати од просториите на курирската служба, апликантите ќе бидат известени со е-порака. Апликантите мора да го докажат својот идентитет на еден од следните начини:

  1. Апликантите што ги подигаат своите лични документи мора да го докажат својот идентитет со еден од следните документи за идентификација:
    • Службена карта за идентификација или лична карта издадена од државата (со фотографија)
    • Официјална возачка дозвола (со фотографија)
    • Извод од Матичната книга на родените
  2. Родителите што подигаат документи за своите деца мора да приложат доказ за нивното сродство со детето со приложување на следните документи:
    • Копија од изводот на детето од Матичната книга на родените или решение за посвојување, при што на документот треба да биде наведено целото законско име на најмалку еден од родителите.
    • Родителот мора да го докаже својот идентитет со приложување на еден од документите што се наведени во ставка #1 при што името мора да биде исто на изводот од Матичната книга на родените или на решението за посвојување на детето.
  3. Возрасните апликанти може да овластат друго лице да ги подигне нивните документи/пасош. Другото лице мора да ги приложи следните документи:
    • Потпишано писмо од апликантот со кое го овластува другото лице и во кое е наведено целото законско име на другото лице.
    • Фотокопија од еден од документите за идентификација на апликантот наведени во ставка #1.
    • Другото лице треба исто така да се идентификува себеси со еден од документите наведени во ставка #1. Името на документот за идентификација мора да е исто со името наведено во писмото за овластување.
Сите пасоши што нема да бидат подигнати во рок од 30 дена ќе бидат вратени во конзуларното одделение каде што се одржало интервјуто.

Курирска услуга за испраќање документи

Во одредени случаи при аплицирање за виза, на апликантот му се овозможува да испрати дополнителни документи како поткрепа на апликацијата за виза, без да се појави лично во Конзуларниот Оддел. Во таков случај, при закажување на интервјуто преку оваа интернет страна, ќе Ви бидат испратени инструкции како да се отпечати Потврдата за Овластување на Курирска Служба. Оваа Потврда за Овластување на Курирска Служба му овозможува на апликантот преку курирската служба бесплатно да прати документи до Конзуларниот Оддел.

Локации на филијалите на курирската служба за достава

Ако овие локации за оставање на документите не се подобни, може да користите пошта по ваш избор и на ваш трошок и да ги испратите документите во конзуларното одделение.