Scroll Down

Контактирајте нè

Причина за поставување прашање

Изберете ја целта на вашето барање:

Статус на апликација

Времето потребно за обработка на апликацијата за виза и за печатење на одобрената американска виза може да биде различно за секој посебен апликант. Откако ќе учествувате на интервју во Конзуларниот оддел, статусот на вашата апликација за виза можете да го следите на https://ceac.state.gov/CEAC.

Општи информации

Вработените од Службата за грижа за клиенти можат да ви помогнат преку телефон, преку Skype или преку е-пошта.

За услуга на македонски:

Отворено Понеделник - Петок, 9:00 до 17:00 по локално време.

За услуга на албански:

Отворено Понеделник - Петок, 9:00 до 17:00 по локално време.

За услуга на англиски:

Отворено Понеделник - Петок, 9:00 до 17:00 по локално време.

Локални броеви

+389 2 5517475

Ако се јавувате од Соединетите Американски Држави, ве молиме бирајте го бројот +1 703 520 2257.

Ако користите Skype: skype-mk_1

Е-пошта: esee_contactus+mk+info+mk@visaops.net

Службата за грижа за клиенти НЕ МОЖЕ да ви помогне со следново:

  • да утврди кој тип на виза е потребен според причината за вашето патување,
  • да го пополни или да ви помогне со пополнувањето на апликацијата за виза, образецот DS-160 или образецот DS-260,
  • да утврди дали се квалификувате да патувате без виза согласно Програмата за ослободување од виза (ESTA),
  • да ви даде информации за статусот на вашата индивидуална апликација по интервјуто. Откако ќе присуствувате на интервјуто во Конзуларниот оддел, статусот на вашата апликација за виза можете да го следите на https://ceac.state.gov/CEAC.

Службата за грижа за клиенти МОЖЕ да ви помогне со следново:

  • да ви даде информации каде да барате информации за виза,
  • да ви даде информации за постапката за апликација за виза,
  • да ви даде информации како да ја платите таксата за апликација за виза,
  • да го закаже или презакаже вашиот состанок, наместо да го правите тоа онлајн,Schedule or reschedule your appointment as an alternative to doing this online.
  • да ви даде информации за враќањето на вашите документи откако бил издаден број за следење на пратката. Имајте во предвид дека информациите за статусот на пратката што ѝ се достапни на Службата за грижа за клиенти се истите оние информации што можете да ги видите кога ќе се најавите на оваа интернет страна,
  • да ви помогне со технички проблеми што се однесуваат на плаќањето на таксата за виза или проблеми со курирската служба. Употребете ги информациите за е-пошта подолу и доставете детални информации доколку имате такви проблеми.

Проблеми при плаќање на административната такса за виза

Ако вашето барање се однесува на проблем поврзан со плаќањето на административната такса за виза – Ве молиме НЕ ПЛАЌАЈТЕ ЈА ПОВТОРНО.

Барањата поврзани со плаќања ќе одат во колку што е можно позабрзана постапка, но дополнителните плаќања на административната такса за виза нема да бидат вратени. За сите методи за плаќање, освен дебитна/кредитна картичка, плаќањето на износот за апликација за виза не е важечко веднаш. За повеќе информации за административните такси за виза ве молиме погледнете на Такси за аплицирање за виза.

За сите проблеми поврзани со плаќањето на административната такса за виза, ве молиме да ни се обратите со е-порака што ќе ја испратите на следната адреса на електронска пошта:

esee_contactus+mk+mrv+mk@visaops.net

Забелешка: Ве молиме да дадете јасен опис на проблемот и сите докази за плаќање што ги имате за да биде успешна обработката на вашето прашање.


Прашања за испорака на документи

Следењето на враќањето на вашите документи започнува откако Конзуларниот оддел ќе ги предаде вашите документи кај курирската служба. За дополнителни информации за курирската служба, погледнете го делот Услуги на курирска служба за визни документи.

Најпрво најавете се на оваа страница и проверете го статусот на документите, или јавете се во телефонскиот центар. Ако и понатаму постои прашања или проблеми во врска со враќањето на вашите документи, или ако поминале 5 работни дена откако вашата виза била издадена, но сè уште не сте добиле број за следење на пратката, контактирајте нè преку е-пошта на следната адреса:

esee_contactus+mk+courier+mk@visaops.net


Групно закажување

Посетете го линкот Групно закажување Компании, туристички агенции и други организации за преглед на критериумите за добивање на пристап како “Представник на група“.

Доколку веќе имате добиено пристап како “Представник на група“ и Ви треба помош во врска со некои технички поединости на интернет страната, околу уплатата на таксата за виза или околу Вашите информации за пристап на сметката (е-маил адреса и лозинка), пратете е-маил на адресата: Group_Processing_MAC@visaops.net.


Други прашања

Не можеме да ви дадеме нови информации за статус за вашата апликација (NIV или IV), ниту пак можеме да ви помогнеме за образецот DS-160 или образецот DS-260.

Испратете е-пошта на esee_contactus+mk+info+mk@visaops.net, ако ви треба помош за:

  • општи информации како да аплицирате за виза,
  • технички проблеми со интернет страната,
  • вашите информации за најава (е-пошта и лозинка) за да се најавите на интернет страната, да платитеза виза и да закажете состанок за интервју.

Забелешка: ве молиме дадете јасен опис на проблемот и снимки од екранот (screenshots) за да обезбедиме ефикасна обработка на вашето прашање.

За сите информации за виза и закажување состанок, вратете се на почетната страница на нашиот веб-сајт.