Преглед на иселеничка виза

Странските државјани кои сакаат да имигрираат и трајно да се населат во САД мора да следат посебни постапки со цел да аплицираат за иселеничка виза. Со иселеничката виза издадена од cтрана на Конзуларниот оддел на САД Ви се дозволува влез во САД со цел адмисија како Легален постојан жител. Штом ќе добиете адмисија, ќе имате право постојано да живеете и да работите во САД.Дополнителни информации се достапни на Служби за жителство и имиграција на САД (USCIS).

Вие не можете сами да го започнете процесот и мора да имате одобрено барање. Дополнителни информации за тоа како поднесете барање ќе најдете на веб-страницата USCIS .

Постапка за добивање иселеничка виза

Постапката за добивање иселеничка виза вклучува неколку чекори кои се потребни за комплетирање на барањето. Подетални информации за постапката се дадени на https://travel.state.gov. Чекорите подолу се засноваат врз претпоставката дека претходно сте доставиле барање до Службите за жителство и имиграција на САД.

Disclaimer: Оваа веб-страница и нејзините повикувачки центри не обезбедуваат информации за статусот или информации за обработка на Вашето барање од страна на Службите за жителство и имиграција на САД, Националните визни центри, Конзуларниот центар во Кентаки или Конзуларниот оддел на САД.

Чекор 1 - Поднесено барање (Кое чека на одобрување од страна на Службите за жителство и имиграција на САД

Проверете го статусот на Вашето барање за иселеничка виза на веб страницата USCIS .


Чекор 2 - Одобрено барање

Ако сте добиле известување дека вашето барање е одобрено од Службата за државјанство и имиграција на САД (USCIS) и е препратено до националниот визен центар (НВЦ) за понатамошна обработка, посетете ја интернет-локцијата https://travel.state.gov/content/visas/en/immigrate/immigrant-process/approved.html за да дознаете кои се следните чекори за обработка на барањето во НВЦ https://travel.state.gov/content/visas/en/immigrate/immigrant-process/approved/contact.html.

Програмата Виза Лотарија (DV-Diversity Visa) ја раководи Службата за конзуларни прашања на Кентаки (KCC) при Стејт департментот на САД. Повеќе информации ќе најдете на https://travel.state.gov/content/travel/en/us-visas/immigrate/diversity-visa-program-entry/diversity-visa-instructions.html.

Националниот визен центар, Конзуларниот центар во Кентаки или Конзуларниот оддел на САД ќе Ве известат и ќе Ви достават насоки за понатамошните чекори и датумот (датумите) за интервју.


Чекор 3 - Подготовка за интервју

ВНИМАНИЕ: Ако не сте го примиле писмото/е-поштата за термин во врска со барањето за вашата имиграциска виза, тоа значи дека не сте подготвени да го комплетирате процесот на оваа веб-страница. (Ве молиме, видете ги чекорите 1 и 2 погоре.)

За да добиете повеќе информации за подготовките за интервју, кликнете овде.

Ако сте го примиле писмото/е-поштата за термин од NVC, KCC или од конзуларниот оддел на САД, тогаш треба да извршите одредена процедура на оваа веб-страница како дел од подготовката за интервју. Видете подолу:

  • Регистрирај се за услуги за враќање на документи

    Сите баратели на имиграциска виза коишто добиле писмо/е-пошта за термин, мора да се регистрираат на оваа страница за да ги добијат назад документите по обработката на барањето за виза. За повеќе информации, одете на линкот Поштенски услуги за документи за виза.

Сите баратели на имиграциска виза коишто добиле писмо/е-пошта за термин, мора да отворат нова сметка. Ако веќе имате сметка најавете се на (/mk-mk/iv/users/sign_in.iv) за да продолжите.


Чекор 4 - Одете на терминот закажан од страна на Конзуларниот оддел

Треба да присуствувате на терминот наведен во писмото/е-поштата добиена од NVC, KCC или од конзуларниот оддел. Ве молиме, не заборавајте да ги понесете потребните документи.


Чекор 5 - По терминот

По терминот во Конзуларниот оддел на САД, можете да го следите статусот на Вашето барање за виза на https://ceac.state.gov/CEAC.

Доколку барањето за виза е одобрено, (see https://ceac.state.gov/CEAC) враќањето на документите по пошта може да се следи на оваа веб-страница. Ве молиме, пријавете се.